Возачите што возат исто возило 3–4 години – задолжително проверете ги овие делови!

Познатиот американски механичар Скоти Килмер предупредува дека сите возачи кои повеќе години возат ист автомобил – особено бензинци и дизели – треба да ги проверат гумените делови под хаубата.

Зошто гумата е критична?

Гумените делови, како црева, заптивки и мали прицврстувачи, се изложени на екстремни температури, хемикалии и стареење, што со тек на време може да доведе до оштетувања.

Ако, на пример, пукне цревото за довод на гориво, може да дојде до истекување и сериозен пожар, што не само што е опасно, туку и скапо за санирање.

Како да ги проверите?

Според Килмер, потребно е:

  • Да ја притиснете гумата со прст – ако се крши, е напукната или премногу тврда, таа е за менување.
  • Да ги раздвижите помалите гумени делови – ако се ронат, заменете ги пред да направат штета.
  • Да бидете свесни за староста на возилото – кај некои модели гумените делови траат подолго (како кај Toyota од 90-тите), но кај многу американски или европски автомобили, проверка на секои 3–4 години е задолжителна.

Мала штета – голем трошок

Компанијата Hagerty предупредува дека дури и евтини делови, како што се O-прстените (кои чинат неколку евра), може да предизвикаат огромни оштетувања – истекување на течноста за ладење, прегревање и дури пукање на главата на моторот.

Наш совет:

Ако вашиот автомобил е стар повеќе од три години и редовно го возите, направете проверка кај механичар. Навремена замена на гумените делови може да ви заштеди илјадници денари и да ве спаси од опасна ситуација на патот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни