Во Македонскиот културен центар во Тирана свечено беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик.
Со пригодна програма го одбележавме 5 Мај – денот кога во 1945 година е донесено решението за македонската азбука. Иако македонскиот јазик како самостоен и одвоен постои многу одамна, ваквите датуми се важен потсетник на клучните моменти во неговата официјализација и стандардизација.

Присутните ги поздрави Ема Попивода, директор на КИЦ Тирана. Инспиративни обраќања имаа и в.д. амбасадорот, г. Љуфтим Спахиу, како и амбасадорот на Хрватска, г. Крамариќ – истакнат македонист и поддржувач на македонскиот јазик и култура.
Проф. Славица Г. Свидерска, лектор по македонски јазик, заедно со своите студенти од Факултетот за јазици при Универзитетот во Тирана, прочитаа избор поезија на македонски јазик.
Во рамките на настанот беше отворена и изложба на уникатен дизајнерски накит од Сташа Божиновска, инспириран од македонската азбука.
Настанот е во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Албанија, КИЦ Тирана и лекторатот по македонски јазик.