Во свлечиште во Индија загинаа 15 лица

Најмалку 15 лица загинаа во свлечиште предизвикано од силни дождови што однеле автобус во северната индиска држава Химачал Прадеш, соопштија денеска локалните власти.

Спасувачките екипи и мештаните сè уште трагаат по преживеани на местото на несреќата.

Инцидентот се случил во Биласпур, околу 100 километри од Шимла, главниот град на оваа хималајска држава.

„Досега се потврдени 15 смртни случаи“, соопштиле локалните власти, додавајќи дека тројца деца се спасени и во моментов се хоспитализирани.

Сезоната на монсунски дождови и оваа година предизвика бројни поплави и свлечишта, кои одзедоа десетици животи ширум Индија.

Монсуните, кои обично траат од јуни до септември, се од клучно значење за земјоделската економија на регионот, но често носат разорни последици, особено во еколошки чувствителните хималајски подрачја, каде што експертите предупредуваат дека бројот на екстремни временски појави значително се зголемил во последните години.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни