Во рамки на полициската операција со кодно име „Координати“, албанската полиција во округот Скадар откри и уништени над 12.540 стебла марихуана.
Полицијата објави дека површините засадени со марихуана биле откриени и акцијата спроведена на неколку локации врз основа на полициски разузнавачки информации, службите на локалната полициска управа во Скадар и полициските станици.
„Во административната единица Пулт против шумарски инженер поднесена е пријава за “злоупотреба на службената положба и непријавување кривично дело”. Продолжува работата за идентификување, фаќање и изведување пред лицето на правдата на сторителите на овие случаи на одгледување марихуана, стои во полициското соопштение.
Операцијата „Координати“, продолжува, а до сега на различни локации само во северниот дел на земјата уништени се над 20 илјади стебла марихуана.