Во Франција започнаа демонстрации повикани од синдикатите

Француските синдикати започнаа нова серија демонстрации, барајќи од новиот премиер Себастијан Лекорни да обезбеди мерки за социјална правда преку нацрт-буџетот.
epaselect epa12387107 A man waves a French flag during a demonstration against austerity measures in the upcoming budget in Paris, France, 18 September 2025. French unions have called for a nationwide strike and mass protests against the planned cuts in the government’s draft budget for 2026. EPA/YOAN VALAT

Во рамки на протестите, се планирани околу 250 митинзи и маршеви низ целата земја, на кои се очекува да присуствуваат од 300.000 до 350.000 луѓе, вклучувајќи од 20.000 до 40.000 во Париз, според податоците на властите.

Првиот бран на овие протести беше организиран на 18 септември, кога се проценува дека на улиците излегле од 500.000 до повеќе од милион луѓе.

Протестите се насочени против буџетските мерки предложени од поранешниот премиер Франсоа Бајру, кои имаат за цел намалување на државниот дефицит. Бајру беше сменет на 8 септември.

Новиот премиер Лекорни ветил намалување на државниот буџет, како и “фундаментални промени” во буџетските прашања.

Неговата влада денеска соопшти дека разгледува неколку опции за намалување на даноците во корист на работниците.

Министерството за транспорт објави дека брзите возови и јавниот превоз во Париз функционираат нормално. Студентите организираа блокади и штрајкови на неколку универзитети низ земјата, што предизвикаше нарушувања во сообраќајот.

Протестниот марш веќе се одржа во Марсеј, а еден е закажан за подоцна попладне во Париз.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни