Најмалку 18 мигарнти загинаа при бродолом во близина на брегот на Сабрата, западна Либија, соопшти невладината организација Бегалци во Либија на Икс.
Организацијата наведе дека луѓето со чамец тргнале кон Европа.
„Патот кон така наречената безбедност во Европа продолжува да убива затоа што Европа одбива да гарантира безбедни патишта. Европа продолжува да го зголемува притисокот врз ранливите лица со финансирање на насилни паравоени групи кои вршат злосторства против човештвото во Либија и во Тунис. Порано или подоцна, Европа ќе мора да одговара за своите постапки“, истакна организацијата Бегалци во Либија.