Search

Внимание: Што сакате Дедо Мраз да ѝ подари на Македонија? Каде е „Баба Мразица“?

На почетокот на предновогодишна потрошувачка треска, екипата на „Внимание, внимание“, ги прашува граѓаните дали веруваат во Дедо Мраз.
Иако мислењата се поделени, очигледно е дека во Дедо Мраз и во духот на Дедо Мраз не веруваат само децата.


На прашањето „Што сакате Дедо Мраз да и подари на Македонија?“ – граѓаните даваат разни одговори – некои велат мир и спокојство, повеќе среќа за луѓето, благосостојба, секој да може да живее нормално, здравје за сите, правда за Вања, единство, сплотеност, подобро образование, здравство, подобра економија, еднаквост за сите, повеќе велосипедски патеки, повеќе светлина во градовите, нови политичари…
На прашањето што сакате Дедо Мраз да ви подари вам лично – повеќето граѓани претпочитаат здравје, некои „ништо материјално“, други пак пари, успех во студии и кариера, итн.
И на прашањето „Зошто подароци носи само Дедо Мраз, а не и Баба Мразица?“, граѓаните даваат оригинални одговори.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни