Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните – „Што ве плаши повеќе – цената на горивото или цената на храната?“: „…повеќе ме плаши да живееш овде, бидејќи може да те убие некој во секој момент, будала некоја може да те собере и да не одговара за тоа“, „тоа е систем на поврзани садови“, „ништо не ме плаши“, „и двете зависат едно од другo“, „ако рипне бензинот, рипнува и се друго“…
На прашањето „Што очекувате да преземе владата за да го запре растот на цените?“, граѓаните рекоа: „…владата да интервенира во основните продукти“, „има сериозни мерки кои треба да се преземат и да се сузбие инфлацијата“, „ништо не може да се преземе“, „треба малце да има и притисок од народот“, „…мислам дека секако може да се најде некоја солуција за тоа да не се качуваат цените драстично, уште малку ќе видиш сто на литар…“.
Еве што велат граѓаните „Што ќе правиме ако продолжат цените да рипаат до небо?“: „Ќе продолжи животот… ние сме како камелеони“, „Затоа е владата тука, тие би требало многу да внимаваат за стандардот на граѓаните… мора да има контроли по маркетите“, „Мислам дека ќе престанат луѓето да ги полнат автомобилите“, „Последна мерка, ако продолжат да рипаат цените е протест…“, „има резерви, и тука се интервенира со цени за преживување“, „Пешки, и не само пешки… имаме села големи, нека се вратат, нека си работат, и здраво ќе се нахранат, и ќе има за сите“, „Македонија имала два и пол милиона овци, сега нема одвај две илјади, се ти е јасно, ај чао“, „Пак овај народ ќе преживее“.