Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашавме граѓаните „Дали македонските вицови содржат предрасуди, на пример, оние за „плавуши“ или оние за полицајци?“: – „Да, за плавуши, за полицајци, за малцинства, за се. Некојпат е стварно со намера да се насмееме, некојпат е навредливо, преминува граници“, „Мислам дека македонските вицови највише содржат… пошто народот е полн со предрасуди, и дека луѓето немаат отворено срце да немаат предрасуди“, „Да, дефинитивно содржат предрасуди, меѓутоа, виц си е виц, и не треба да се сфати толку сериозно“, „Содржат предрасуди, ама мислам дека тоа е природата на вицовите, колку повеќе се смееме за такви работи, толку полесно е да се надминат“.
Еве што ни кажаа граѓаните на прашањето „Дали сто пати повторена предрасуда, макар и да е кажана како виц, може да стане вистина во општеството?“: – „Може да стане вистина, пошто ќе се вкорени во потсвеста на луѓето, и тоа е лошо за размислувањето на еден народ… може да биде како една пропаганда“, „Па, не, не мора да значи, има многу стари вицови што имаат предрасуди и лошо се кажуваат…“, „Предрасудите се верувања на луѓе кои што веќе мислат дека тоа е вистина, ако имаш свој морал и свои цели, нема тоа за тебе да биде вистина, колку пати да ти е повторена шалата“, „Апсолутно, колку повеќе повторуваме некои работи… станува сериозно, бидејќи може да биде навредливо, ако некој побара да се престане, треба да се престане…“.
А еве што мислат граѓаните за тоа „Дали може да ги научиме децата да не се исмеваат со врсниците што се поразлични од нив?“: „Апсолутно да, кога станува збор за воспитување, за култура, кога сме деца, не сме свесни за одредени работи, затоа мора да ги подучиме“, „Да, мислам дека би можеле, меѓутоа, мислам дека тоа најмногу доаѓа од нивните родители“, „Можеме, ама прво треба родителите да ги научиме, и да имаме програма на самосвесност каде што луѓето можат да научат да ги почитуваат различностите на луѓето“, „Искрено може, да, повеќе внимание да се обрне на децата… треба да се седи со децата, да се комуницира, ова она…“.
Ако сакате да дознаете како реагираат граѓаните кога ќе чујат виц со предрасуда што навредува група граѓани, погледнете ја најновата анкета на „Внимание“.
* Инспирирани од кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.