Во најновата анкета на „Внимание“, прашавме „Што ѝ фали на љубовта во денешно време?“ – „Пари… нема љубов денес“, „па повеќе доверба меѓу партнерите, кога ќе се скараат да можат брзо да се смират…“, „И фали доверба, и фали посветеност, и фали грижа, и фали искреност“, „На љубовта и фали доверба, кога нема доверба, нема да има љубов“.
А што мислат граѓаните „Дали љубовта го прави сексот подобар, или добриот секс нè тера да мислиме дека има љубов?“ – „Па, малце е тоа обострано, и љубовта го прави добриот секс, а и сексот ја прави подобра љубовта“, „Ако постои љубов, ќе постои и добар секс“, „Па љубовта треба да го прави сексот подобар…“, „Па, второто, добриот секс, мислиме дека постои љубов. Па, само тоа остана, само сексот. Друго нема“. „Па, најважна е љубовта, ако има љубов се друго ќе се реши со договор меѓу партнерите“.
Ги прашавме граѓаните и „Што најмногу ја кочи еднаквоста меѓу момците и девојките во љубовта и сексот?“ – „Па, мислам дека денес се изедначени, баш се еднакви во однос на љубовта…“, „Веројатно финансиската моќ…“, „Финансиската состојба“, „Карактерите, ваљда, ако се плус и плус не иде, плус и минус иде. Ако се исти не иде“, „Машките мислат дека се подоминантни…“, „Па, не би требало ништо да ја кочи, ама ја кочи односот на момците, што мислат дека се многу надмени и надмоќни над девојките“.