ВИДЕО: „Рибата на судниот ден“ повторно забележана во Калифорнија

Посетителите на плажа во областа Долна Калифорнија, долж брегот на Тихиот Океан, забележале исклучително ретка риба која изгледа како јагула и живее на големи длабочини и ретко на површини, објавија денеска медиумите.

Овој вид многу ретко се гледа, а најчесто кога ќе умре и ќе го исфрли на брегот од морето по бура, пишува Гардијан.

Роберт Хејс, кој бил на плажа во Калифорнија со својата сопруга, снимил долга, рамна, треперлива риба штом ја видел во водата.

Како што раскажал, иако никогаш претходно не ја видел, веднаш го препознал видот, кој често се нарекува „риба на судниот ден“, бидејќи, според народното верување, може да предвиди природни катастрофи.

Според Хејс, се чини дека рибата е повредена, па ја однеле кај експерт по морска биологија.

Примерокот виден овој пат беше релативно мал, бидејќи видот во просек е долг над три метри.

Најдолгата ваква риба некогаш видена била долга 11 метри, покажуваат податоците на Природонаучниот музеј на Флорида.

Овој вид риба е забележан во водите на Калифорнија три пати во текот на изминатата година, а научниците нејзиниот почест изглед го припишуваат на променливите услови во океаните.

Според јапонскиот фолклор, оваа риба се смета за предвесник на судниот ден, иако историчарите ја оспоруваат теоријата дека може да предвиди земјотреси.

Оваа идеја повторно стана актуелна откако на јапонските плажи беа пронајдени 20-тина вакви риби по разорниот земјотрес во 2011 година, пишува Гардијан.

Сепак, јапонските истражувачи спроведоа студија во 2019 година која откри дека не постои врска помеѓу појавата на овој вид риба и земјотресите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни