Tревога во Германија: По аеродромот во Минхен, забележани се дронови и над многу чувствителен објект

Узбуна во Германија: По аеродромот во Минхен, забележани се дронови и над многу чувствителен објект


Дрон е забележан над објект на германските вооружени сили (Бундесвер) во близина на аеродромот во Минхен, објави Шпигел, повикувајќи се на портпарол на Оперативната команда на Бундесверот во Берлин.

Иако деталите за овој инцидент од безбедносни причини не се објавени, Шпигел наведува дека Бундесверот многу сериозно ги сфаќа летовите со беспилотни летала над воените објекти и дека постојат соодветни безбедносни концепти за нашите објекти на германските вооружени сили.

Шпигел, исто така, објавува дека надвор од воените објекти, државните полициски сили се одговорни за безбедноста.

Портпаролот не прецизираше дали постои врска со забележувањето беспилотни летала на аеродромот во Минхен, каде што воздушниот сообраќај беше прекинат синоќа.

Според полицијата, неколку лица виделе беспилотни летала над аеродромот во Минхен, објавува Тагешау.

Поради ова, воздушниот сообраќај беше прекинат синоќа кратко по 22 часот, а бројни летови беа откажани.

На аеродромот во Минхен беа откажани 17 летови, што влијаеше на речиси 3.000 патници.

Дополнително, 15 летови што доаѓаа мораа да бидат пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Виена и Франкфурт.

Голем број на патници ја поминаа ноќта на аеродромот.
Полицијата и противпожарната служба на терминалот на аеродромот поставија десетици теренски кревети.

Во меѓувреме, аеродромот повторно работи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни