Употребата на канабис во САД се зголемува, но не и кај тинејџерите. Последните истражувањата откриваат дека употребата на канабис се зголемува кај Американците со високо образование и кај Американците со високи приходи.
Истражувањето, кое ги анализира податоците за употребата за канабис на повеќе од 500.000 луѓе во различни временски периоди од 2013 до 2022 година и кое беше објавено во месечното издание на Извештаите за зависност од дрога и алкохол, исто така открива дека употребата на канабис е зголемена кај Американците во домаќинствата кои заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно, како и кај оние со факултетска диплома.
„Користевме податоци од Националното истражување за употреба на дроги и навистина само ја проценивме распространетоста на употребата“, рече Делвон Метингли, професор на Универзитетот во Кентаки и главен автор на студијата.
„Ги испитавме и трендовите во тековната употреба на канабис, што беше дефинирано како употреба во изминатите 30 дена“, како и „шеми на преваленца и трендови во употреба по возраст, пол, раса и етничка припадност, образовни достигнувања и вкупен годишен семеен приход“.
Матингли вели дека бил изненаден од извештајот кој покажал дека употребата на канабис кај тинејџерите останала стагнантна во овој период. Имено, тој очекувал да забележи зголемување.
Сепак, според него, овие податоци можеби не се најверодостојни. Студијата ги разгледа сите млади од 12 до 17 години како една категорија, делумно затоа што поконкретните податоци може да ја нарушат доверливоста податоците на малолетниците.
„Ако можевме малку повеќе да ги разделиме податоците и да ги погледнеме промените и конзумирањето канабис помеѓу младите од средно училиште, на пример, можеби и ќе видиме зголемување“, рече Метингли.
Неодамнешните податоци на CDC покажаа дека употребата на канабис се намалила кај средношколците, од 23% во 2013 година на 17% во 2023 година. Можно е легализацијата на државно ниво да ја ограничи употребата на канабис кај тинејџерите, бидејќи строго е забрането таа да се продава на лица под 21 година, и честопати се бара да ги скенираат личните карти за да се уверат дека се автентични, за разлика од многу барови и продавници за алкохол.
Џордан Гете, соработник во Центарот за студии за употреба на алкохол и супстанции во Рутгерс, смета дека може да има и други фактори кои влијаат на ова.
„На пример, пандемијата влијаеше на трендовите на употреба на супстанции. Видовме остар пад на употребата на канабис кај тинејџерите за време на пандемијата, најверојатно поради неколку фактори како што се помалку време со врсниците и зголемено време со родителски надзор“, објасни таа. Гете вели дека ова е веројатно затоа што легализацијата го променила и начинот на кој луѓето го перцепираат канабисот.
„Сега кога канабисот е легализиран производ во многу држави, гледаме како познати личности и професионални спортисти ги поддржуваат производите од канабис“, рече таа.
Mattingly вели дека зголемениот пристап до медицински канабис, исто така, може да објасни некаква промена бидејќи „повисокиот приход е во корелација со пристапот до здравствена заштита“.
„И во државите кои ја легализираа употребата на канабис за медицински цели“, додаде тој, „можеби честопати ќе видите дека особено постарите возрасни лица можеби користат канабис за да се борат против болката“.
Друго откритие што му се издвојувало на Метингли е дека употребата на канабис е највисока кај нехиспанското мултирасно население во споредба со другите раси и етникуми. Над 25% од луѓето во оваа категорија, која ретко се истакнува во научните истражувања, користеле канабис во 2022 година.
„Верувам дека густината на населението на повеќерасните луѓе во САД се зголемува, па природно, како што спроведуваме повеќе набљудувачки истражувања, со текот на времето, ќе видиме поголема застапеност на мултирасна група“, смета тој.
Тинејџерите генерално користат помалку недозволени супстанци.
„На пример, употребата на алкохол се намали, така што не мислам дека ова намалување на распространетоста на канабисот кај тинејџерите е конкретно поради легализацијата на канабисот, туку е повеќе одраз на поширокиот тренд во пост- пандемична употреба на супстанции“, смета Гете.
Додека тинејџерите можеби повеќе се воздржуваат, бројките на студијата за приходите и образовните достигнувања покажуваат дека луѓето со повисок социо-економски статус сега се повеќе користат канабис.
Употребата кај луѓето во домаќинствата со повисоки приходи и кај оние со факултетски дипломи се зголеми повеќе од двојно.
Само околу 4% од луѓето со високо образование користеле канабис во 2013 година, додека скоро 13% користеле во 2022 година. Меѓу луѓето во домаќинствата кои заработувале 75.000 долари или повеќе, 6% користеле канабис во 2013 година, додека 13% користеле во 2022 година.
Извор: The Guardian