„Универзитетското студенстко собраните при УКИМ испраќа јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан. Ова е права наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никави обраќања“ стои во реакцијата на УССУКИМ.

Да потсетиме, денес на платото пред УКИМ студенти се собраа точно во 12 часот за да изразат сочувство кон загинатите во трагедијата во Кочани и да ја покажат својата поддршка за побрзо закрепнување на повредените.
Собирот започна со седум минутен молк во 12 часот, по што следеа говори на министерката за образование и наука, Весна Јаневка и на ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова. Говорот на министерката беше на моменти исвиркан, а потоа и прекинат од повици за брза помош, а на неколку студенти им се слоши, што доведе до прекин на говорите. Екипи на брза помош пристигнаа во кампусот.
По настанот осамнаа бројни критики на просуството на членови на извршната власт на студентскиот протест по што следуваше реакцијата на УССУКИМ.