Протест на наставниците во Нови Сад: „4.000 наставници, 4.000 чекори“.

Протестот е поддршка за студентите кои веќе два месеци блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија барајќи правда и одговорност за падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад

Универзитетските наставници се собраа на протест во Нови Сад под мотото „4.000 наставници, 4.000 чекори“.

Протестот е поддршка за студентите кои веќе два месеци блокираат повеќе од 60 факултети низ Србија барајќи правда и одговорност за падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Повеќе од 3.500 универзитетски професори ги поддржаа јавно студентите во отворено писмо во јануари. Како што е наведено во најавата за овој собир, ова е уште една „јавна поддршка за студентите“.

На почетокот на протестот пред Академијата за уметности, професор Владан Јолер, рече дека „е завршено со криење зад студентите“.

„Завршено е со стравот, завршено е со теоријата, време е за одбрана на автономијата на универзитетот“, порачал тој.

Драган Матиќ, професор на Академијата за уметности во Нови Сад, порача на протестот дека професорите се тука за да покажат дека прават едно ткиво и солидарност до исполнување на барањата.

„Ние 5.000 професори со име и презиме се потпишавме за поддршка за студентските барања“, изјавил Матиќ.

Потоа, демонстрантите започнаа петнаесетминутна тишина во знак на сеќавање на 15 жртви од падот на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад и тргнаа во протесна прошетка низ централните улици до универзитетскиот кампус.

На протестот, дел од наставниците носат голем транспарент со пораката „Професорите се со вас“.

Освен поддршката за студентите, наставниците и истражувачите бараат и разрешување на ректорот на универзитетот во Нови Сад, Дејан Мадиќ.

Како што е наведено во соопштението на неформалната мрежа на наставници „Слободен универзитет“, ректорот Мадиќ „во своето делување покажал неспособност за ефикасно водење на Универзитетот, а со своите истапувања и одлуки веќе подолг период не го застапува, не го раководи и не го претставува Универзитетот во Нови Сад на репрезентативен, објективен и аполитичен начин“.

Барањето за разрешување на ректорот Мадиќ, засега го усвоија Природно-математичкиот факултет, Академијата за уметности и Педагогијскиот факултет.

Мадиќ е ректор на универзитетот во Нови Сад од 2021 година. Широката јавност го запозна во април оваа година кога ја поддржа групата непознати млади момци и студенти во блокадата на Филозофскиот факултет во Нови Сад поради обвинувањето дека професор на тој факултет, Динко Грухониќ, „шири говор на омраза.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни