Во време кога сите скролаат со една рака, а со другата се држат за кафето, ТРН направи бум на социјалните мрежи. Последните бројки покажуваат дека нашите читатели не гледаат, лајкуваат и шеруваат како никогаш досега. Вкупниот број на прегледи во првите шест месеци од годинава се зголемил од 11.036.907 на 18.900.732 што е за околу 71.3% или цели 7.836.825 нови прегледи!
Во првите 6 месеци од 2025, Инстаграмот на ТРН буквално експлодира со 8.358.469 прегледи, што е скок од над 45% споредено со крајот на 2024. Очигледно, нашите визуелните муабети, рилсовите и кратките клипови сериозно го држат вниманието на нашата публика! Во првата половина од 2025 година, медиумската платформа ТРН бележи импресивен пораст на гледаноста на сите главни социјални мрежи – Инстаграм, TikTok, Фејсбук и Јутјуб. Податоците покажуваат дека публиката сѐ повеќе ја препознава содржината на ТРН како релевантна, забавна и вредна за следење.
На Инстаграм, ТРН достигна неверојатни 8.358.469 прегледи, што е зголемување од над 45% во однос на претходниот период (јули – декември 2024), кога бројката изнесуваше 5.749.433. TikTok не заостанува многу: од 3.412.309 прегледи на крајот од 2024, во првите шест месеци од 2025 достигна 5.615.979, што претставува раст од околу 65%.
Фејсбук го бележи најдраматичниот скок – од 1.715.242 на 4.926.284, односно речиси тројно зголемување. Ова укажува дека содржината на Трн.мк продолжува да биде читана и гледана на оваа платформа. Јутјуб, пак, забележува стабилен пораст: од 159.923 прегледи на крајот од 2024, на 288.749 во првата половина од 2025.
Овој тренд го позиционира ТРН како една од водечките нови медиумски сили на дигиталната сцена во регионот. Комбинацијата од квалитетна продукција, креативни визуели и ангажирачки теми очигледно допира до широка и разновидна публика.
ТРН е медиум кој „боцка“! Без разлика дали те „навлекле“ текстовите, рилсовите, видеата или нашите интервјуата, очигледно е дека ТРН знае што сака публиката и тоа го испорачува.