Три сценарија за копнена интервенција на САД во Иран – секој носи висок ризик

САД распоредуваат дополнителни сили во регионот на Персискиот Залив, додека растат шпекулациите за можна копнена операција во Иран. Според извештаи на CBS News и Reuters, во регионот веќе пристигнуваат специјални единици – морнарички фоки и ренџери, како и делови од 82. воздушно-десантна дивизија и експедициски марински сили.

Се очекува најмалку 8.000 дополнителни војници да бидат распоредени, што укажува на проширување на воените опции.

Деблокирање на Ормуски теснец

Првото сценарио е насочено кон отворање на Ормускиот теснец, кој Иран го блокира од почетокот на конфликтот.

Овој теснец е клучен за глобалната економија, низ него поминува околу 20% од светската нафта. Иран го контролира преку крајбрежни позиции, мини, беспилотни чамци и воени бази на островите во регионот.

За да се деблокира со сила, американските сили би морале да ги заземат клучните острови како Абу Муса, Голем Тунб, Мал Тунб и Кешм

Ова би било сложена амфибиска операција со големи ризици, бидејќи островите се силно утврдени.

Заземање на остров Харк

Второто сценарио вклучува преземање на клучниот нафтен терминал на островот Карк, преку кој минува околу 90% од иранскиот извоз на нафта. Со тоа би се пресекол главниот извор на приходи на Техеран и би се ослабило финансирањето на воените програми.

Сепак, ваквиот потег носи сериозен ризик од одмазднички напади врз економски цели во Персискиот Залив, како и долгорочна штета врз иранската инфраструктура.

Преземање на обогатен ураниум

Третото сценарио е ограничена, но исклучително сложена операција за преземање на иранските резерви на обогатен ураниум од објекти како Натанз и Исфахан.

Оваа мисија би барала уништување на противвоздушната одбрана, контрола на теренот, специјални единици и инженерска поддршка и привремено присуство на копнени сили

Според анализите, станува збор за технички најкомплексната опција, со високи оперативни и политички ризици.

Ограничени опции и растечки ризици

Иако САД и Израел досега избегнуваа големи копнени операции, новото распоредување на сили укажува дека конфликтот може да влезе во поопасна фаза. Во меѓувреме, Доналд Трамп ги повика сојузниците сами да се справат со енергетската криза, дополнително зголемувајќи го притисокот врз меѓународната сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни