Трета годишна недела на циркуларната економија на Западен Балкан – за што се работи?

Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024 се одржува од 27 до 31 мај, на тема „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“

Третата годишна Недела на циркуларната економија на Западен Балкан ќе се одржи од 27 до 31 мај, 2024 година. Овогодишната тема е „Одржливи мостови: Обединување, издигнување, надополнување“.

Организациите од земјите на Западен Балкан, членки на ЛогЕкс заедницата ќе одржат низа паралелни активности со кои ќе ги промовираат добрите практики и знаења, но и предизвиците и перспективите на циркуларната економија во регионот.

Регионалната иницијатива на ЛогЕкс (LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум  – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има за цел негување на соработка и поттикнување значајни промени во регионот.

Што е циркуларна економија?

Циркуларна економија или кружна економија е еден од начините за справување со климатските промени и сè повеќе добива значење како нов тренд, нов бизнис-модел што е помогнат со мерките на владите низ светот.

Циркуларната економија во голема мера е сврзана со 12-те цели: производство, консумација, начинот на кој ги дизајнираме работите, како да ги одржиме, како повторно да ги искористиме, да ги поправиме и на крај да преминеме кон рециклирање. Значи ова не е управување со отпад, туку ова е концепт што повеќе се однесува на управување со ресурси – на кој начин да управуваме со сопствените ресурси и како да ја задржиме нивната вредност преку процесот на рециклирање. 

Ова значи дека со задржување на производите, опремата и инфраструктурата во употреба подолго време, ја подобруваме продуктивноста на овие ресурси. Ова драстично ја намалува нашата побарувачка за ресурси, создавајќи поодржливо општество за сега и за идните генерации.

Во моделот на циркуларната економија, целта е да се надминат разликите помеѓу циклусите на производството и природните екосистеми – од кои на крајот зависат луѓето. Не се работи за тоа да се биде „помалку лош“, туку да се создаде економија која работи во хармонија со нашиот природен свет.

Три принципи на циркуларната економија

  1. Одржување на материјалите и производите во употреба што е можно подолго
  2. Дизајнирање на отпадот и загадувањето
  3. Регенерирање и обновување на природните систем

Придобивки од циркуларната економија

Движењето кон поциркуларна економија ќе има низа придобивки за нашата економија, нашата животна средина и за нашите луѓе. Тие вклучуваат:

  • Намалување на притисокот на природните ресурси, 
  • Подобрување на безбедноста на снабдување со суровини
  • Зголемување на конкурентноста.
  • Стимулирање на иновации, 
  • Поттикнување на економски раст.

ЛогЕкс (LogEx) заедницата, формирана во декември 2021 година, е партнерство посветено на премостување на јазот помеѓу високото образование и пазарот за вработување во Западен Балкан. Со фокусирање на градење на човечки капитал, зајакнување на циркуларната економија и поттикнување на одржлив развој, ЛогЕкс заедницата има за цел да создаде посветла иднина за регионот.

Членки на ЛогЕкс (LogEx) заедницата: The Balkan Forum (ЗБ), Build Green Group (Албанија), CENER 21COD Jajce (Босна и Херцеговина), CIVIL / Green CIVIL (Северна Македонија), Universum International College (Косово).

Најново

Последни колумни