Трамп за предлогот на Иран: Уште не платиле доволно висока цена

„Ќе ви одговорам подоцна“, рече Трамп за предлогот пред да се качи на „Ер Форс Уан“, додавајќи дека „сега ќе му биде даден точниот текст“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог на Техеран, но веднаш фрли сомнеж врз неговите перспективи, велејќи дека Иран сè уште не „платил доволно висока цена“. Две ирански полуофицијални новински агенции, Тасним и Фарс, за кои се верува дека се блиски до Револуционерната гарда, објавија дека Иран испратил нов предлог од 14 точки до Соединетите Држави преку Пакистан.

„Ќе ви одговорам подоцна“, рече Трамп за предлогот пред да се качи на „Ер Форс Уан“, додавајќи дека „сега ќе му биде даден точниот текст“.

Кратко по разговорот со новинарите, Трамп го коментираше новиот предлог на социјалните мрежи, пишувајќи дека „не може да замисли дека би бил прифатлив со оглед на тоа што тие сè уште не платиле доволно висока цена за она што им го направиле на човештвото и на светот во последните 47 години“.

Трамп беше прашан и зошто САД ги повлекуваат војниците од Германија ?

„Драстично ќе го намалиме бројот и ќе одиме многу подалеку од 5.000“, рече тој.

Овој потег уследи откако германскиот канцелар Фридрих Мерц во понеделник изјави дека Иран го „понижува“ Вашингтон на преговарачката маса. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, во петок изјави дека повлекувањето „се очекува да биде завршено во текот на следните шест до 12 месеци“.

НАТО соопшти дека „работи со САД за да ги разбере деталите од нивната одлука за распоредување на сили во Германија“.

„Ова прилагодување ја нагласува потребата Европа да продолжи да инвестира повеќе во одбраната и да преземе поголема одговорност за нашата заедничка безбедност“, напиша портпаролката на НАТО, Алисон Харт, на социјалната платформа X.

На крајот на 2025 година, 36.346 активни американски воени лица беа во Германија, 12.662 во Италија и 3.814 во Шпанија. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во саботата изјави дека се очекува повлекување на американските трупи „од Европа, а исто така и од Германија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни