Американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на шпекулациите за состојбата на новиот ирански врховен лидер Мојтаба Хамнеи, наведувајќи дека многумина се обидуваат да утврдат дали тој е жив.
„Ме прашавте дали е жив или не. Многу луѓе се обидуваат да го дознаат тоа“, рече Трамп, додавајќи ја својата проценка за неговата состојба.
„Мислам дека веројатно е жив. Мислам дека е оштетен, но веројатно е жив на некој начин“, изјави американскиот претседател.
Трамп истовремено даде и коментар за односот меѓу Мојтаба Хамнеи и неговиот татко, тврдејќи: „Ова е човек кого ни татко му не го сакал“.
Хамнеи можеби е ранет во нападите
Претходно денеска Трамп изјави дека верува дека новиот ирански врховен лидер е жив, но ранет, по извештаите дека бил повреден во американско-израелските напади на крајот од февруари.
Во тие напади беше убиен неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, пренесува Ал Џазира.
„Мислам дека веројатно е жив. Верувам дека е оштетен, но дека во некоја форма е жив“, повтори Трамп.
Прво обраќање по преземањето на функцијата
Коментарот на Трамп доаѓа откако во четвртокот на иранската државна телевизија беше прочитана изјава на Мојтаба Хамнеи. Тоа беше негово прво јавно обраќање откако ја презеде функцијата врховен лидер.
Дека Хамнеи е повреден претходно оваа недела потврди и иранскиот амбасадор на Кипар. Тој за британскиот весник The Guardian изјави дека новиот врховен лидер бил ранет во нападите на 28 февруари, со што ги потврди и информациите објавени во американските медиуми.
Во истите напади беа убиени неговиот татко и повеќе членови на неговото семејство.