Трамп со закана до Оман: „Или ќе се однесуваат како сите други, или ќе ги разнесеме“

Доналд Трамп се закани со напад врз Оман доколку земјата застане зад Иран во контролата на Ормутскиот Теснец.
Photo: Shealah Craighead / White House

Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри закани кон Оман, предупредувајќи дека САД нема да дозволат заедничка контрола на Иран и Оман врз стратешки важниот Ормутски Теснец. Говорејќи на седница на американската влада, Трамп изјави дека Ормутскиот Теснец е меѓународен поморски премин кој, според него, „никому нема да му биде дозволено да го контролира“.

„Никој нема да го контролира теснецот. Тоа се меѓународни води. Оман ќе се однесува како сите останати или ќе мора да ги разнесеме“, изјавил Трамп, според пренесувањето на New York Post.

Тој додал дека САД ќе продолжат да го надгледуваат регионот и дека прашањето е дел од пошироките разговори и тензии на Блискиот Исток. Оман претходно имаше улога на посредник во преговорите меѓу САД и Иран пред ескалацијата на конфликтот во регионот. Ормутскиот Теснец важи за една од најкритичните поморски рути во светот, преку која минува значителен дел од глобалниот извоз на нафта и гас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс