Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео на својата социјална мрежа Truth Social за кое тврди дека прикажува „огромен напад“ во Техеран.
Тој наведе дека во нападот биле убиени „многу ирански воени лидери кои лошо и непромислено ја воделе земјата“. Сепак, автентичноста на снимката засега не е независно потврдена. Тврдењата на Трамп доаѓаат во време на засилени напади врз воени и политички цели во Иран, во кои претходно веќе беа убиени високи функционери, вклучително и дел од врвот на воениот и безбедносниот апарат.
Конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави, Израел и Иран дополнително се заострува, при што двете страни изнесуваат спротивставени тврдења за обемот на штетите и бројот на жртви во најновите напади.