Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека неговиот план за прекин на војната во Украина не е негова последна понуда и дека сака борбите да престанат „на еден или друг начин“.
Американскиот претседател одговори со „не“ кога новинарите го прашаа дали неговиот предложен план од 28 точки за прекин на конфликтот во Украина е неговата „последна понуда“.
„Се обидуваме да ја завршиме војната. На еден или друг начин, мора да ја завршиме“, рече Трамп .
Американскиот претседател во петокот изјави дека четврток, 27 ноември, кога американскиот празник е Денот на благодарноста, е „соодветен рок за Украина да го прифати неговиот план за решавање на конфликтот“.
„Имав многу рокови, а кога работите одат добро, тенденцијата е да се поместуваат роковите. Но, сметаме дека четврток е вистинското време“, изјави американскиот претседател за радио „Фокс њуз“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека ќе понуди алтернативи на планот, кој Киев го смета за многу поволен за Кремљ.
