Трамп ги укинува строгите стандарди за потрошувачка на гориво во САД

Администрацијата на Трамп најави драстично намалување на целите за ефикасност на возилата, со поддршка од Стелантис, ЏМ и Форд, како дел од поширок отпор кон електричните автомобили.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ги поништи целите за намалување на емисиите од новите автомобили, што претходно беа воведени од администрацијата на Џо Бајден. Со новите планови, значително ќе се спуштат барањата за потрошувачка на гориво кај новите патнички и лесни товарни возила со мотори со внатрешно согорување.

Ефикасноста на возилата во САД се мери преку бројот на милји што може да се минат со еден галон бензин. Според стандардите воспоставени во времето на Бајден, автомобилските компании требаше да постигнат просек од 50,4 милји по галон кај моделите за 2031 година. Тоа одговара на околу 4,75 литри на 100 километри според европските параметри.

Трамп предлага целта да се намали на 34,5 милји по галон, што е еквивалент на околу 6,81 литри на 100 километри. Моментално, просечната потрошувачка на новите возила регистрирани во САД изнесува околу 27 милји по галон (8,71 л/100 км).

Сообраќајот е најголемиот извор на емисии на стакленички гасови во земјата. Трите најголеми американски производители, Стелантис, Џенерал Моторс и Форд, според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА) имаат највисока просечна потрошувачка на гориво од сите производители на територијата на САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни