Тесла го престигна германскиот Ауди во однос на бројот на продадени автомобили во 2024 година, и покрај тоа што американскиот производител продаде помалку возила од очекуваното.
Производителот на електрични возила „Тесла“ го надмина германскиот производител на автомобили „Ауди“ по продажба во 2024 година, според анализата на податоците за продажбата на автомобили.
Audi Volkswagen AG продаде 1,67 милиони возила во 2024 година, што е за 12 отсто помалку од претходната година. Нејзината борба со засилената конкуренција во Европа и Кина и слабата побарувачка за нивните електрични модели ги остави Германците зад „Тесла“ на Илон Маск, кој испорача 1,79 милиони возила минатата година.
Германските производители на автомобили се борат со слабата побарувачка за луксузни автомобили во Кина, каде закрепнувањето останува неизвесно, а локалните производители дополнително се наметнуваат на пазарот.
Во Европа, продажбата на електрични возила е под очекувањата, откако неколку земји ги намалија субвенциите. Проблемите доведоа до чести предупредувања за намалување на профитот минатата година, вклучително и во Volkswagen, Mercedes-Benz Group AG и BMW AG.
Американската компанија Тесла го забележа првиот пад на годишните испораки на автомобили по повеќе од една деценија и за малку ја задржа предноста пред кинескиот BYD.