Претходно, студенти од Правниот факултет успеале преку спореден влез да се вратат во објектот, кој утрово беше испразнет по наредба на деканот.
На терен пристигнаа припадници на Интервентната единица со неколку полициски возила, а присутните граѓани реагираа со гласно негодување. Во текот на денот на студентите и дел од професорите им се приклучија и земјоделци и поддржувачи од различни здруженија.
Академскиот пленум побара оставка од деканот, оценувајќи дека со вклучувањето на полицијата ја влошил состојбата и го нарушил автономниот карактер на универзитетот.
И вечерва кампусот е под силно полициско обезбедување, а атмосферата останува неизвесна.
Извор: N1info.rs