Режисерот Столе Попов ќе биде честит лауреат на престижната награда за режисер, која ќе му биде врачена на свечената церемонија што ќе се одржи на 17 октомври во Нови Сад. Ова признание, кое досега го добиле имиња како Емир Кустурица, Милчо Манчевски и Горан Паскаљевиќ, го става Попов во редот на најголемите автори од Балканот.
По повод наградата, на 16 октомври во Арена Синеплекс ќе се одржи бесплатна проекција на неговиот култен филм „Gipsy Magic“. Настанот е дел од пошироката програма, која вклучува конференција за заштита на авторски права и панел-дискусии на Здружението на режисери на Балканот.
Попов, кој својата кариера ја започна со документарни филмови, е познат по класици како „Тетовирање“ и „До Балчак“. Неговиот уникатен стил и долгогодишна работа му донесоа повеќе од 50 меѓународни награди, вклучувајќи осум Гран при признанија и две номинации за „Оскар“.