Средбата Трамп–Зеленски ќе започне во 19 часот по СЕВ

Американската администрација потврди дека средбата во Флорида ќе се одржи порано од првично најавеното, без посебно соопштение од Белата куќа.

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, која денеска се одржува во Флорида, е поместена и ќе започне во 13 часот по локално време, односно во 19 часот по средноевропско време, соопшти американската администрација.

Претходно беше најавено дека средбата ќе започне во 15 часот по локално време (21 час по средноевропско), но терминот е променет без дополнително образложение.

Иако Белата куќа не издаде посебно соопштение за промената, во официјалниот викенд-распоред доставен до медиумите беше наведена новата сатница за средбата меѓу двајцата лидери, пренесува New York Times.

Средбата се одржува во чувствителен геополитички момент, во услови на продолжената војна во Украина и зголемените дипломатски активности околу идниот ангажман на Соединетите Американски Држави во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни