Солзавец, прегазувања и ќотек – Репресијата на студентските протести во Србија

Србија е во бран на студентски протести по трагедијата во Нови Сад: блокади, репресија, апсења и реакции на власта. Како ќе продолжат протестите?

Во последната година во Србија се одвива значаен протестен бран, предводен првенствено од студенти, кој брзо беше прифатен и други делови на општеството. Протестите го отворија прашањето дали режимот, односно владата и безбедносните служби ги репресираат своите граѓани преку употреба на насилство, обиди за заплашување и прекумерна сила?

Студентски пленуми и почеток на отпорот

На 1 ноември 2024 година натстрешница на железничка станица во Нови Сад се урна и загинаа 15-16 лица. Тоа предизвика бран на незадоволство во јавноста, особено меѓу студентите, кои ја поставија темата за одговорност, корупција и демократски капацитети на институтите.

Студентите започнаа со пленуми, собири и форми на децентрализирано организирање како блокади на факултети, штрајкови, дневни акции. На 22 ноември 2024 започна блокада на факултетот за драмски уметности во Белград. Неколку дена подоцна студентите беа нападнати од непознати лица што покрена бран на незадоволство кај остатанатите студенти. Студентите почнаа секој ден да одржуваат „15-минути блокади“ на сообраќајници во 11:52 до 12:07, симболично, од времето кога се случила урнатата натстрешница. Протестите се проширија низ универзитети, средни училишта, активистички групи, и почнаа да добиваат поддршка надвор од студентските кругови.

студенти/epa12492803 University students, joined by supporters, begin their march from Belgrade, Serbia, 30 October 2025. The student-led march is heading to Novi Sad for a major commemorative event on 01 November 2025, the first anniversary of the railway station canopy collapse that killed 16 people, sparking widespread protests demanding political accountability. EPA/ANDREJ CUKIC

Првиот бран на протести и и соочување со репресијата

На почетокот на 2025 година, протестите се насочија кон пошироки барања меѓу кои и истрага за трагедијата, објавување на документи, крај на корупцијата, а со текот на времето и барање за прдвремени избори. Со поголемата масовност дојдоа и репресивните реакции од страна на државата. На протесните собири од 28–30 јуни полицијата спроведене низа акции за расчистување на блокадите низ Белград и други градови, со употреба на солзавец, пендреци и штитови.

Amnesty International јавно изрази загриженост за „широко распространетите апсења и употребата на прекумерна сила против студентите“, наведувајќи дека „полицијата на Србија мора целосно да престане со незаконитата употреба на сила и да ги истражи извештаите“. Видеа и фотографии покажуваат што изгледа како поголеми интервенции на полицијата, операции во раните утрински часови, задржување на демонстранти, употреба на средства за контрола на толпа.

Според Amnesty International, биле поднесени „стотици“ пријави за апсења и задржувања, вклучително и на студенти и средношколци, а имало и повредени при апсењата и во тек на протестите. На 3 јули 2025, според Reuters, полицијата во Белград, Нови Сад и Ниш уапсила 79 лица во рамки на акција против демонстранти. На 7 септември 2025, на маршот невладитените изразија загриженост за полициска бруталност.

Најаларманта бруталност беше употребата на т.н „воздушен топ“ од страна на полицијата на протестите во Белград

Контра-акции од власта („Чациленд“)

Како одговор на протестите се создаде „Чачиленд“, организиран од поддржувачи, провладини групи кои настапуваат против демонстрантите. Во „Пионирски парк“ во Белград, беше поставен камп од провладини студенти-поддржувачи.

Што може да се очекува вечер и дали ќе има насилство?

Со оглед на досегашната ескалација, сценариото со потенцијална употреба на сила е реалистично. Властите во Србија изгледаат подготвени директно или индиректно за репресија: полицијата веќе има искуство со масовни блокади, има извештаи за претходно дејствување рано наутро, случаи на апсења и употреба на средства за контрола на толпа. Друга можност: протестот може да остане мирен, особено ако демонстрантите избегнуваат провокации и блокадите се помалку радикални, а власта одлучи да не употреби екстремен одговор. Но, тоа ќе претпоставува самоконтрола кај демонстрантите и минимален провокативен одговор од државата.

Како што вечерта се приближува, веројатноста за повторување или нов епизод на насилство е реална — но не е неизбежна. Сè ќе зависи од тоа како ќе се однесуваат демонстрантите, како ќе реагира полицијата и дали ќе се појават надворешни провокатори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни