Со овој едноставен трик бананите ќе останат свежи и до 10 дена: еве што треба да направите веднаш по купувањето

Бананите се едни најомилените овошја во светот – лесни за консумација, хранливи и совршени за појадок, смути или десерт.

Но, честа мака во домаќинствата е што брзо потемнуваат и омекнуваат, особено кога се чуваат на погрешно место.

Според нутриционистката Менди Аплегејт од „Two City Vegans“, клучот за нивна подолга свежина е едноставен – држете ги подалеку од другото овошје.

„Чинијата со овошје е најлошото место за чување банани“, објаснува таа. „Овошјата како јаболката и праските испуштаат етилен, гас кој го забрзува зреењето. Ако бананите стојат до нив, започнува ланчана реакција што ги прави презреани.“

Како да ги сочувате подолго

Етиленот е природен гас што го поттикнува зреењето, но во затворен простор може да предизвика брзо омекнување и потемнување на кората. Затоа е важно бананите:

  • да се чуваат одвоено од другото овошје,
  • да се држат подалеку од извор на топлина (како шпорет или фритеза),
  • и да се замота нивната дршка со проѕирна фолија.

Трикот со пластичната фолија

Аплегејт објаснува дека омотувањето на дршките со пластична фолија го забавува испуштањето на етилен, што го продолжува рокот на свежина.

„Со оваа техника бананите можат да останат цврсти и жолти и до 10 дена подолго, а понекогаш и до две недели повеќе од вообичаено“, вели таа.

Само мал дел фолија околу дршката е доволен за да направи огромна разлика – едноставен, но ефикасен трик кој им овозможува на бананите да изгледаат и имаат вкус како штотуку купени.

Извор: Dnevnik.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни