Словенија планира да им забрани на големите трговци да фрлаат храна. Храната која е пред истекот на рокот на траење, ќе мора да биде донирана на хуманитарни организации.
По примерот на Франција, Словенија планира да стане втора европска земја која ќе забрани фрлање храна од трговските ланци. Сите супермаркети ќе мора да донираат храната која е пред истекот на рокот на траење или која е сè уште добра за употреба.
Ова е предвидено со новиот закон за храна кој го подготвува Министерството за земјоделство на Словенија.