Скоро 2.000 жртви во Иран, растат напади и тензиите во регионот

Конфликтот на Блискиот Исток продолжува да ескалира, со илјадници жртви во Иран, нови напади од Хутите врз Израел и зголемено американско воено присуство во регионот.

Според последните извештаи, во Иран има речиси 2.000 загинати лица по продолжените воени дејствија. Конфликтот веќе е во 30-тиот ден, а насилството се проширува и во соседните држави.

Јеменската група Хути изврши два ракетни напади врз Израел, што дополнително ја зголеми тензијата во регионот.

Иако Израел успешно пресретна дел од проектилите, ризикот од проширување на конфликтот останува висок, особено поради нападите врз поморските рути.

Стратешки ризик: Црвено Море и Ормус

Хутите претставуваат закана за глобалната трговија поради можноста да ги блокираат клучните морски патишта во Црвеното Море.

Истовремено, Ормускиот теснец останува клучна точка, преку која поминува значаен дел од светската нафта. Извештаите наведуваат дека се вршат напади и врз објекти во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, со повредени лица и проценка на штети.

Во меѓувреме, повеќе земји во регионот активираат противвоздушна одбрана поради закани од ракети и дронови.

Соединетите Американски Држави распоредиле над 50.000 војници на Блискиот Исток, во рамки на засилената воена стратегија.

Ова дополнително ја засилува загриженоста дека конфликтот може да се прошири во поширок регионален судир.

Блискиот Исток останува во длабока безбедносна криза, со паралелни воени фронтови, зголемени жртви и растечка закана за глобалната економија и енергетските рути.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни