Поради густата магла која денеска ја покри скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје до пладне беа откажани 20 летови, а еден лет беше пренасочен, информираат од аеродромот.
По 11 часот слетаа авионите од Дортмунд и Виена, а во моментот се очекува полетување на авионот за Хамбург. Согласно временската прогноза од Метео-службата на М-НАВ, намалената видливост ќе продолжи и во остатокот од денот, како и утре.
Од аеродромот нагласуваат дека: аеродромот е отворен и функционира непречено, без оглед на временските услови. Сите капацитети се во функција, а персоналот е подготвен да ги услужи авионите и патниците, а полетувањата и слетувањата зависат од одлуките на авиокомпаниите, кои ја следат минималната видливост и моменталните услови.
Патниците се советуваат да ги следат информациите за нивните летови на шалтерите на аеродромот или на телефонската линија +389 2 3148 333.