Скопје ќе добие урбан инклузивен парк во Општина Кисела Вода

Здружението Икуалити, во соработка со Општина Кисела Вода ќе го проектира, изведува и уредува новиот „Парк на еднаквоста“, поддржан финансиски и од Амбасадата на Република Полска. 

Проектот „Изедначување на пристапот на лицата со попреченост до урбаниот простор преку изградба на Парк на еднаквост во Општина Кисела Вода“ е поддржан во рамки на програмата „Полска помош“ со износ од 29.000 ЕУР.

Паркот ќе содржи интегративни содржини, ќе биде урбано уреден, ќе ја поттикнува креативноста кај наjмладите и децата и ќе има за цел да ги едуцира и информира посетителите за значењето на учењето и осознавањето преку игра, релаксација и интегративни катчиња. Преку разновидни содржини и можности за интегративно дружење, овој парк ќе поттикне заедништво и ќе ја оживее можноста за поврзување со природата во Скопје.

Овој проект е пример за јавно-приватна соработка на невладина организација и локална самоуправа, во соработка со локални фирми, кои ќе создадат општествено значаен проект, кој ќе содржи карактеристики и на знаменитост, а ќе биде корисен од заедниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Центар, како и поширокото подрачје на Скопје, но и ќе поттикнува интеграција и дружење како кај најмалите од 1,5 годишна возраст, така и поради атрактивноста и функционалноста и кај повозрасните.

Проектот предвидува создавање на урбан парк, кој ќе биде наполно пристапен архитектонски, како и со лесен приод во сите негови содржини, но и пристап до паркинг места, вклучително за возачи со попречености.  Паркот ќе биде отворен и за домашни миленици.

Проектот ќе започне со реализација во текот на ова лето, а рокот за извршување е предвиден до декември 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни