Гранскиот синдикат на просветните работници „Независност“ денеска им пружи поддршка на студентите кои протестираат и им порача дека нивната младост треба да биде „штит за сите наши животи од бесмислот, а нивниот глас водилка од мракниот лавиринт“.
„Во страшен социјален момент, кога разликата помеѓу реалноста и илузијата што властите ја создаваат за таа реалност станува неподнослива, вашето неподложување на етички и социјални девијации и репресија над мислечките и паметни луѓе, за нас, вашите поранешни наставници и воспитувачи, е јасен и блескав патоказ, истакнува синдикатот во својата порака за поддршка.Во упорноста и доследноста на студентите во одбраната на хуманистичкиот принцип на слобода, праведност и критичко испитување на одговорноста, синдикалците во образованието велат дека препознаваат одекнувања на своето интелектуално повикување, како што ги учеле. Вашата одлучност го затекна општеството во бездната, одвоено од тоа што е и тоа што требало да биде. Секое отсуство на поддршка и солидарност со вас е симптом на нечесност и отсуство на елементарна етика, нагласува синдикатот.“
За денес попладе во 15 часот е закажан состанокот на проширениот Ректорат на Универзитетот во Белград, изјавидеканот на Хемискиот факултет, Гордан Роглиќ. Тој нагласи дека сите декани на белградските факултети добиле покана преку електронска пошта.
Роглиќ додаде дека не пристигнало известување за дневниот ред, бидејќи се работи за вонредна седница, но претпоставува дека ќе се разговара за прекини на настава и студентски блокади.
„Проширениот Ректорат се закажува по потреба. Тоа беше случај и кога се разгледуваа измените на Законот за високо образование. Тоа е добра практика“, оцени еден од деканите чии факултет го поддржа студентските блокади и барања.