Што вели министерството, а што синдикатите? Колку училишта се во штрајк во Србија?

Форумот на белградските гимназии соопшти дека во Белград работата била прекината, целосно или делумно, во 19 гимназии

Според податоците на Министерството за образование, наставата се одвивала вчера во повеќе од 97 отсто од вкупно 1.773 основни и средни училишта во Србија, а блокирана била само во три отсто од училиштата. Од друга страна, од Независниот синдикат на просветни работници на Србија, кој не спаѓа во четирите репрезентативни синдикати, велат дека ситуацијата во училиштата е хаотична.

Форумот на белградските гимназии соопшти дека во Белград работата била прекината, целосно или делумно, во 19 гимназии.

Одлуките за целосна или делумна наставата ги носеле училиштата колективно, независно од репрезентативните синдикати на образованието кои постигнале договор со владата за исполнување на условите за подобрување на материјалната позиција на просветните работници.

Вработените во училиштата во штрајк наведуваат дека не се задоволни од тој договор, но и дека ги поддржуваат барањата на студентите кои протестираат повеќе од два месеца поради несреќата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица.

Министерката за образование, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, изјави дека просветните инспектори досега извршиле надзор во 84 основни и средни училишта во кои е блокиран работниот процес и дека инспекцијата продолжува во училиштата во кои дел од наставниците го блокираат наставно-образовниот процес. Таа истакна дека блокадите во образованието не се предвидени со законот и дека сите кои учествуваат во нив треба да бидат свесни дека тие носат последици согласно со законот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека секогаш ќе понуди дијалог со студентите кои ги блокираат факултетите во Србија, додавајќи дека е секогаш отворен и подготвен да ги прими и да разговара со нив.

На прашањето што е решение за излез од оваа ситуација со протестите на учениците и студентите, одговори дека решението е учениците да почнат да учат, а за студентите нагласи дека повеќе не се деца и треба да донесат одлука за својата иднина.

Најави и дека во Србија ќе има сериозни промени, но нема да има преодни влади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни