На видеото, зад актерот Раде Шербеџија се гледа голем ЛЕД телевизиски екран на кој се емитува програмата на ТВ Н1 која ги пренесува протестите во Белград на 15 март.
Актерот ја искористил приликата да испрати порака за поддршка на студентите порачувајќи им: „Не се откажувајте млади мои, не се откажувајте нова генерацијо“.
Шербеџија со видеото стави и опис кој гласи:
„Секоја младост, во своите бунтови и желби да ја промени реалноста во која живее, има вистинска искреност, храброст, благородност и страст. Но, оваа младина, која денес се крена во одбрана на правдата и достоинството, има нешто што ја издигнува над сите студентски генерации што ги паметиме. Оваа младина има мудрост и интелигенција и интелигенција и разум. Оваа младина знае да управува со сопствената револуција и никој не може да манипулира со неа. На оваа младост можеме само да и се восхитуваме. Не се откажувај нова младино“, напиша актерот со хаштагот #Пумпај.