Се бара карта повеќе – СЛАТКАР: Веќе не пишувам поезија, пишувам ИСТОРИЈА !!!

По рекордната распродажба на двата концерти во Скопје, Слаткаристика ве кани на ТРЕТ КОНЦЕРТ по повод 15 години од првиот албум.

Ретроспектива на сите хитови од сите временски ери од творештвото на Марко Маринковиќ – Слаткаристика, после 15 години од легендарниот албум „СЛАТКАРИСТИКА БУДАЛО”, публиката ќе има можност да присуствува на одличен перформанс во живо, СЛАТКАРИСТИКА со неговиот бенд, следува КОНЦЕРТ за паметење!

Special Guests: Тони Зен и 2Бона

🗓 Датум: 29-ти МАРТ

📍 Локација: СКОПЈЕ ЕВЕНТ ЦЕНТАР

⏰ Време: 21:00 часот

💥 Биди дел од оваа хип – хоп ЕВОЛУЦИЈА со песните од времето што некогаш беа РЕВОЛУЦИЈА!

Марко Маринковиќ-Слаткар, познат под сценското име Слаткаристика е роден на 15 август 1986 година во Скопје. Тој е македонски рапер, продуцент, поп и хип-хоп пејач. Започнал со своите музички творби кога имал 12 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни