Техеран се соочува со невидена криза на раководството по убиството на врховниот лидер во заеднички американско-израелски напади. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако беше погодена зградата на иранскиот „Совет на експерти“ во Ком – телото задолжено за избор на негов наследник.
Според извештаите, нападот се случил додека се одвивало гласање за нов врховен лидер, но засега не е познато колку од вкупно 88-те членови биле присутни.
Што е „Советот на експерти“?
Совет на експерти е уставно тело составено од 88 членови, претежно високи шиитски клирици, кое има овластување да го именува врховниот лидер на Иран.
Додека Советот не донесе одлука, управувањето го презема привремен тричлен совет. Според објавата од Техеран, во него се: претседателот Масуд Пезешкиан, шефот на правосудството и ајатолахот Aлиреза Арафи.
Ова е само вторпат да се активира ваков уставен процес – првиот пат беше во 1989 година, по смртта на кога Хамнеи беше назначен за негов наследник.
Кои се можните наследници?
Меѓу имињата што се споменуваат се:
Мојтаба Хаменеи, синот на Али Хамнеи, за кого се смета дека има поддршка од тврдолинијашките кругови и од Исламската револуционерана гарда(ИРГЦ). Поранешниот претседател Хасан Руани, Хасан Хомеини , внукот на Хомеини, Садет Ларијани и неговиот брат Али, кои важат за искусни фигури способни да го одржат режимот под силен притисок.
Али Лариџани во моментов има централна улога во координацијата на националната безбедност, а неодамна доби дополнителни овластувања во надворешната политика.
Критики и внатрешни тензии
„Советот на експерти“ често е критикуван поради недостиг на независност. Имено, Совет на експерти ги проверува кандидатите за членство, што значи дека опозициските гласови ретко добиваат простор.
Во услови на војна и засилени политички и економски притисоци, актуелната криза претставува сериозен тест за стабилноста на Исламската Република. Доколку системот опстане, наследувањето најверојатно ќе остане во рамките на постојната структура на моќ – но исходот засега е неизвесен.