Руските сили изведоа напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа погодени инфраструктурни објекти во областите Киев и Одеса.
Поради тоа, околу 56.000 потрошувачи останаа без електрична енергија.
Приватната енергетска компанија DTEK Group соопшти дека енергетските работници веднаш пристапиле кон санација на клучната инфраструктура, додека работите на целосна обнова сè уште траат и дополнително се отежнати поради ниските температури, пренесува Ukrinform.
Ненадејни прекини во снабдувањето со електрична енергија беа забележани и во округот Бровари и Бориспил.
Силите за противвоздушна одбрана неутрализирале 96 од вкупно 115 дронови користени во нападот.
Во експлозија во една повеќекатница во градот Харков, на североистокот на Украина, загинаа две лица, додека 12 лица беа повредени, соопшти градоначалникот на градот, Игор Терехов, наведува Ukrinform.
„Во овој момент е потврдена смртта на две лица чија тела беа пронајдени за време на операцијата за пребарување и спасување“, објави Терехов на Телеграм.
Според неговите зборови, спасувачките служби сè уште работат на теренот. Епицентарот на експлозијата се наоѓал во еден од становите, што предизвикало оштетувања на конструкциите на зградата и избувнување пожар.
Од зградата се евакуирани 12 станари, а причините за инцидентот се предмет на истрага.
