Руски напад врз Храков: десет загинати, над 30 повредени — една од најсмртоносните ноќи од почетокот на инвазијата

Разурнати згради Храков
REUTERS/Andriy Bodak

Русија изврши масовен воздушен напад врз Украина, во кој само во западниот град Тернопољ загинаа најмалку десет лица, а уште четириесет се повредени, јавуваат Reuters и BBC. Деветкатни станбени згради биле директно погодени, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша налетот како „дрзок и разорувачки“, со повеќе од 470 дронови и 47 ракети лансирани во текот на ноќта.

Во Харков, вториот по големина украински град, три округа беа погодени од масовни напади со дронови, при што повредени се повеќе од 30 лица, меѓу кои и деца. Фотографии и снимки на социјалните мрежи прикажуваат згради и автомобили обземени од пламен.

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека прекините на струја зафатиле повеќе региони низ земјата, додека екипите за спасување и понатаму се на терен во потрага по преживеани.

Нападот бил изведен во раните утрински часови и претставува еден од најсмртоносните инциденти во западна Украина од февруари 2022 година. Зеленски предупреди дека има „значителни разрушувања“ и дека жители можеби се заробени под урнатините.

Енергетски објекти, транспортна инфраструктура и цивилни згради биле оштетени и во други западни региони, вклучително и Лавов и Ивано-Франкивск. Во Ивано-Франкивск меѓу тројцата повредени има и две деца.

Нападите следуваат само еден ден по изјавата на украинската армија дека за првпат испукала американски ракети со долг дострел ATACMS кон цели внатре на руска територија.

Русија тврди дека украинските сили истрелале четири ATACMS кон градот Вороњеж, но дека сите биле пресретнати.

Паралелно со нападите, Зеленски патува во Анкара, каде што ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обид да се оживее американската иницијатива за прекин на огнот. Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф наводно работи на план заедно со рускиот претставник Кирил Дмитриев, но Кремљ соопшти дека никој руски официјален претставник нема да учествува во разговорите.

Романското Министерство за одбрана потврди дека руски дрон навлегол околу 8 километри во романскиот воздушен простор, пред да премине во Украина, Молдавија и повторно да се врати во Романија. Романски и германски борбени авиони веднаш биле подигнати.

Полска, пак, испрати свои авиони и привремено затвори два аеродрома во југоисточниот дел на земјата поради нападите врз западна Украина.

Како што се приближува четвртата годишнина од руската инвазија со полн обем, Украина и Русија остануваат фундаментално спротивставени во ставовите како треба да заврши војната. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека условите за мировен договор остануваат исти како и оние што ги постави Путин во 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни