Тинејџерка загина, деветмина повредени во руски напад врз Харковската област

Русија изведе нов масовен ноќен напад со ракети и дронови врз Украина: погодени се 15 локации, меѓу кои и медиумски објекти во Дњепро.
Зграда по нападот во Укарина
Тинејџерка загина, деветмина повредени во руски напад врз Харковската област

Во најновиот руски ракетен напад врз источна Украина загина 17-годишно девојче, а девет лица се повредени, соопшти гувернерот на Харковската област, Олег Синегубов. Меѓу повредените има и 16-годишно момче, а седуммина се хоспитализирани по ударот врз градот Берестино. Ракетите предизвикаа сериозни оштетувања на станбени згради и уништување на повеќе возила во централните делови на градот.

Нападите се случија во ноќ кога Украина повторно беше изложена на масовен бран беспилотни летала. Според украинските Воздухопловни сили, од вкупно 114 лансирани руски дронови, 101 биле соборени. Русија во нападот употребила и четири балистички ракети „Искандер-М“, кои биле насочени кон северниот, јужниот и источниот дел на државата. Во текот на ноќта биле погодени најмалку 15 локации.

Во Дњепро, руски дронови ја оштетија зградата во која се наоѓаат редакцијата на јавниот сервис „Suspilne“ и украинското радио „Дњепар“. Според локалните власти, повредени се две лица, а пожарите и ударните бранови оштетиле станбени објекти и делови од градската инфраструктура. „Suspilne“ објави дека огнот оставил значителни последици – скршени прозорци, уништени подови, оштетен покрив и пробиени бетонски плочи. Новинарите не биле присутни во моментот на ударот.

Украинските власти предупредуваат дека интензитетот на руските ноќни напади се зголемува, а цивилите остануваат меѓу најпогодените од ракетните и дронските удари што ја таргетираат инфраструктурата, градските зони и медиумските куќи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни