Руски дрон утрово погодил цивилен автомобил во село во областа Полохи во Запорошката област, објавија украинските медиуми.
Според истите извори, дронот се насочил кон возило во кое се превезувале 53-годишен маж и неговата 57-годишна сопруга. Автомобилот бил уништен, а двајцата патници загинале на местото на настанот.
Спасувачките служби ги извлекоа нивните тела од смачканото возило. Украинските медиуми објавија дека станува збор за цивили кои немаат никаква врска со војската.
Ова е најновиот во серијата руски напади со беспилотни летала врз цивилни цели во регионот Запорожје.
Украинските власти тврдат дека Русија продолжува да напаѓа цивилна инфраструктура, а во последните денови руски таргет се електраните со цел граѓаните на Киев и поголемите градови да останат без греење и електрична енергија.