Русинката која го воодушеви светот доби четиригодишна суспензија поради допинг

Камила Валиева – руска уметничка лизгачка доби четиригодишна суспензија поради допинг, објавија од  Судот за спортска арбитража, со што на Рускиот олимписки комитет (РОК) му е одземен и златниот медал што го освоија во екипно натпреварување на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

„Утврдено е дека Камила Валиева ги прекршила правилата за антидопинг и е санкционирана со четиригодишна суспензија, почнувајќи од 25 декември 2021 година- кога бил направен неуспешниот тест“, се вели во соопштението на судот. Судот додаде дека се поништуваат сите резултати од натпреварувањето постигнати од тој датум, вклучувајќи го и златниот медал што таа им помогна на Русите да го освојат во екипна конкуренција на Игрите во 2022 година.

Според одлуката на CAS, Валиева, која имала 15 години кога ги прекршила правилата за антидопинг, нема право на поинаков третман од возрасните лица кога се зборува за прекршување на правилата. Таа била позитивна на триметазидин, забранета супстанца за лекување на ангина, на руските национални првенства во декември 2021 година. Нејзиниот тим тврди дека позитивниот резултат можело да биде поради случајна замена на лековите за срце кои ги користел нејзиниот дедо.

Но, од Светската анти-допинг агенција остануваат на ставот дека оние што стојат зад неуспешните тестови треба да се соочат со правдата. „Допингот на децата е непростлив“, се вели во соопштението.

„Лекарите, тренерите или другиот персонал за поддршка за кои е откриено дека давале супстанци за подобрување на перформансите на малолетниците треба да се соочат со Светскиот анти-допинг кодекс. Навистина, ние како организација ги охрабруваме владите да размислат за донесување закони – како што некои веќе направија, допингот на малолетни лица да се смета за кривично дело“.

Извор: https://www.bbc.com/sport/winter-sports/68127536

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни