Рубљата падна на најниско ниво од почетокот на војната во Украина

Руската рубља во петокот го достигна најниското ниво во споредба со американскиот долар од почетокот на војната во Украина. Во моментов една руска рубља вреди околу 0,58 македонски денари, што е значителен пад од есента 2022 година, кога една рубља вредеше околу 1,1 денар.

Курсот од 96 рубљи за еден долар е продолжување на континуираниот пад на вредноста на руската валута од почетокот на оваа година, кога еден долар вредеше околу 65 рубљи, што е пад од околу 30%.

Вредноста во петокот беше најниска од 28 март 2022 година, објави државната новинска агенција ТАСС. Откако Русија испрати свои војници во Украина кон крајот на февруари 2022 година, рубљата падна на 120 во однос на доларот, но брзо закрепна бидејќи руската централна банка тогаш презеде акција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни