Просечната моќност на електричната рерна е помеѓу 2.000 и 5.000 W, што во пракса значи од 40 до 90 kWh месечно, во зависност од фреквенцијата на употреба. За споредба, еден фрижидер троши помеѓу 300 и 800 W во работа. Ова значи дека кога рерната се загрева на високи температури, нејзината моментална потрошувачка може да одговара на потрошувачката до 65 фрижидери.
Истражувањата покажаа дека рерната во просечно домаќинство може да достигне 224 kWh годишно, што е значително повеќе од другите апарати што работат секој ден. Посебен проблем се моделите што трошат електрична енергија дури и кога се во мирување, бидејќи го одржуваат часовникот или дигиталниот дисплеј вклучен. Во просек, режимот „standby“ може да потроши од 5% до 26% од вкупната годишна потрошувачка на едно домаќинство, објавува blic.rs.
Еве неколку трикови за да ја намалите сметката за електрична енергија, а сепак да ја користите рерната:
-Комбинирајте печење: користете едно претходно загревање за неколку јадења.
-Исклучете ја рано: рерната ја задржува топлината, така што јадењето може да се пече дури и по исклучувањето.
-Не ја отворајте вратата често: секој пат кога ќе ја отворите, температурата паѓа и рерната троши дополнителна енергија.
-Исклучете ја од струја: Ако вашиот модел троши струја дури и кога е исклучен, најдобро е да ја исклучите од струја кога не е во употреба.