Просветните инспектори не ги исплашија наставниците: Во голем број училишта во Србија наставата и понатаму во прекин

Во колку училишта во Србија почна второто полугодие е тешко да се утврди бидејќи синдикатите и Министерството за образование изнесуваат дијаметрално спротивни податоци. Според податоците на Независниот синдикат на просветни работници на Србија, повеќе од 50 проценти од училиштата во земјата вчера ја прекинале наставата. Форумот на белградските гимназии соопшти дека во 90 проценти од гимназиите во Белград не имало настава

Ниту заканите на власта со инспекција не дадоа резултат. Во голем број училишта во Србија наставата и понатаму е прекината. Дел од ученици дошле во училиштата заедно со родителите, им пружат поддршка на наставниците и ги дочекуваат просветните инспектори.

Во колку училишта во Србија започна второто полугодие е тешко да се утврди, бидејќи синдикатите и Министерството за образование изнесуваат дијаметрално спротивни податоци. Според податоците на Независниот синдикат на просветни работници на Србија, повеќе од 50 проценти од училиштата во земјата вчера ја прекинале наставата. Форумот на белградските гимназии соопшти дека во 90 проценти од гимназиите во Белград не имало настава.

Претседателот на Србија од Давос тврди дека 77 проценти од училишта работат редовно. Премиерот Милош Вучевиќ тврди дека во повеќе од 80 проценти од училишта се одвивала наставата и за денес најави повторно просветна инспекција во училишта кои ја прекинале наставата. Инспекцијата веќе посетила некои училишта, а во некои не можела да влезе бидејќи наставниците и учениците блокирале училишта.

И вчера во повеќе градови во Србија беше одржана комеморативната акција „15 минути тишина“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни