Пронајдени уште две тела: Бројот на жртви во железничката несреќа во Кордоба се искачи на 45

Во Каталонија се преиспитува безбедноста на железничката инфраструктура по несреќата што се случи во вторник вечерта во Гелида, во која загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени.

Бројот на жртви од судирот на возови во близина на Адамус во шпанската покраина Кордоба се искачи на 45, бидејќи спасувачките екипи пронајдоа уште две тела, соопштија денес властите во шпанската автономна заедница Андалузија, додавајќи дека 123 лица се повредени, од кои шест се во тешка состојба.

Според RTVE, телата се пронајдени во еден од оштетените вагони на возот, а според првичните информации, тоа се последните две лица кои се водат како исчезнати.

Цивилната гарда претходно изјави дека бара „уште две исчезнати лица“ меѓу остатоците од композицијата.

На местото на несреќата продолжи работата за отстранување на возовите и потрагата по евентуални дополнителни жртви, додека паралелно се спроведуваше истрага за причините за излетувањето на задните вагони на возот Ирио од шините.

Специјализирани тимови на Шпанската централна истражна единица (ECIO) работат во зоната, поддржани од кучиња водичи, дронови со 3D форензички системи и експерти под надзор на Комисијата за истражување на железнички несреќи (CIAF).

Властите не ги прецизираат роковите за завршување на работите, нагласувајќи дека постапката се одвива побавно од очекуваното бидејќи секоја фаза е предмет на одобрение од Цивилната гарда, поради истрагата и можноста за пронаоѓање дополнителни докази.

Во исто време, во Каталонија се преиспитува безбедноста на железничката инфраструктура по несреќата што се случи во вторник вечерта во Гелида, во која загина машиновозачот, а 37 лица беа повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни