Промовирана јубилејна поштенска марка по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Денес, во Порта Македонија, се одржа свечена промоција на јубилејна поштенска марка по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Настанот претставуваше дел од националните активности за одбележување на овој значаен јазичен и културен јубилеј, кој ја нагласува историската важност на 1945 година кога македонскиот јазик беше официјално стандардизиран.

На промоцијата свое обраќање имаше и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој истакна дека кодификацијата на македонскиот јазик претставува темел на македонскиот културен и национален идентитет. Тој ја поздрави иницијативата на Поштата на Северна Македонија за издавање на оваа марка како симболично признание за историската и современата вредност на македонскиот јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни