Промоцијата на монографијата посветена на орото „Копачка“ ќе се одржи на 6 март 2026 година, со почеток во 19 часот, во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје.
Орото „Копачка“ е впишано на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО и претставува значаен дел од македонската традиција и фолклор.
Монографијата содржи историски осврти, етнолошки истражувања и анализи за потеклото, развојот и значењето на ова традиционално машко оро, кое со децении се изведува како дел од богатото културно наследство на земјава.
Преку ова издание се прави обид за систематско документирање и зачувување на автентичната форма на „Копачка“, како и за нејзино пренесување на идните генерации.
Настанот има цел да ја нагласи важноста на зачувувањето на нематеријалното културно наследство и да ја поттикне јавната свест за вредноста на традиционалните културни изрази.